Лилјана Поповска се збогуваше со Собранието: Очекував позитивна, а не тензична атмосфера

by fokus 13:00
13:00

Пратеничката Лилјана Поповска денеска во Собранието објави дека ова е нејзин последен дека како пратеник и нема повторно да се кандидира.

Со жалење констатираше дека наместо во позитивна, си заминува во тензична атмосфера.

-Ова е мојот последен ден во Собранието. Се повлекувам и нема повторно да се кандидарам за пратеник. Исто како што пред една година се повлеков од лидерското место во ДОМ и оставив спремни луѓе да ја водат партијата.
Очекував позитивна атмосфера на крајот во Собранието, зашто нели сите сме за избори. Но, има тензична атмосфера и дијаметрално спортивно ставови. Жал ми е што партиите не успеаја да се договорат за Законот за јавно обвинителство. Верувам дека со договор ќе можеше да се донесе поквалитетно законско решение, рече Поповска.

- Advertising -

 

 

Поврзани новости