ВМРО-ДПМНЕ: Ова е авторитарно владеење на дело, Пендаровски да не го потпишува законот!

by fokus

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција порача дека начинот на кој се донесе Законот за јавно обвинителство е врвот на хибридниот режим.

-Слугите на Заев деенска се надминаа себеси. Законот за зашитата на криминалот на Заев не помина. Она што се случи потоа е врвот на она што се нарекува хибриден режим. Законот не го доби потребниот број на гласови и ваквото гласање скандалозно и противзаконски беше поништетено. Потоа пак беше ставен на гласање противделовнички.
Ова е авториратно владењње на дело, оваа одлука е неделовничка. Ваквиот закон кој не е донесен не смее да биде потпишан од претседателот Пендаровски. Го повикуваме да не го потпишува.
Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира, рече Мицевски.

Тој повика, како што рече, оваа лакрдија веднаш да заврши и веднаш да се распишат избори.

-Очекуваме денес да има распуштање на Собранието. Ќе бидеме присутни во Собранието, не  во парламентарната сала. Ќе влеземе на седницата за распуштање. Ние сме тука единствено за распуштање на Собранието, рече Мицевски, што значи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да пристствуваат на гласање на законот за советот на јавни обвинители и законот за одбрана.

Поврзани новости