Младите да се надградуваат со спорт – порачуваат од ОК Вардар

by fokus

Тимот на ОК Вардар напорно тренира и се подготвува за новата сезона 2019/2020. Тие само што најавија дека ќе учествуваат на Challenge купот на CEV – European Volleyball Confederation. Во ова натпреварување Македонија последен пат имала тим во 2008/2009.

-Со спорт сум 7 години и мојата желба доаѓа од мали нозе, кога почнав од основно училиште да тренирам. Моите планови се да сум дел од голем клуб каде што ќе стекнам поголемо искуство и ќе станам подобар играч. Го одбрав ОК Вардар како најпрофесионален тим кој што има победнички дух. Мои планови за ова лето се да играм со сениорската репрезентација каде што сум повикан да настапувам на Европско првенство – е пораката на Лука Костиќ кој има само 17 години и е дел од ОК Вардар.

Тој ќе се натпреварува заедно со најдобрите од Македонија и претстојното првенство ќе го играат во четири европски држави: Словенија, Холандија, Белгија и Франција.

-Играчите, младите, како Лука се пример за амбиција и успех. Затоа повикуваме дека треба да се воочат патеките по кои што можат да се надградуваат децата и младите. За нив тоа е спортот и одбојката – порачаа од ОК Вардар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости