Млади кавадарчани инфицирани со Ковид-19 тврдат дека не шетале и не знаат како се заразиле

by Fokus

Во Кавадарци денес се регистрирани три нови случаи на Ковид-19 кај млади лица. Се работи за момчиња на возраст од 18, 19 и 21 година. Се тестирале поради пројавени симптоми, покачена температура и кашлица.

Од Центар за јавно здравје Кавадарци велат дека во извршените разговори со младите инфицирани, речиси сите тврделе дека не шетале многу и не можат да претпостават од каде се инфицирале. Во анкетите не наведувале дека имале контакт во веќе позитивно или лице сомнително на вирусот.

-Во целата ситуација, добро е тоа што пациентите се со благи симптоми, во добра состојба со лесна клиничка слика, на домашно лекување. Се работи со нивните контакти во изминатите 14 дена, односно ги контактираме лицата со кои тие биле во близок контакт во последните две недели – информираат од центарот.

Изминатиот период во Кавадарци значително се зголеми бројот на позитивни лица. Она што ја загрижува јавноста е дека се работи претежно за млади лица. Најмладиот позитивен пациент од градот има 16 години.

Од почетокот на пандемијата во Кавадарци се инфицираа 58 лица. Со денешните бројки, активни се 41 случај.

Вики Клинчарова

Поврзани новости