Млад возач во Визбегово прегази велешанец

by irena 13:53
13:53

МВР информира дека синоќа во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „4“ во с. Визбегово, скопско, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(20) од с. Визбегово, удрило во пешакот Ц.Ц.(54) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести