732
Рашела Мизрахи носела кадровски решенија и промени на денот кога Собранието ја разрешуваше.
Владата вечерва соопшти дека на денешната владинина седница решенијата биле поништени.
-На оваа своја седница Владата донесе одлука за поништување на решенијата за кадровски промени и овластувања на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи донесени на 14 февруари, на денот кога во Собранието на Република Северна Македонија беше покрената постапка за нејзино разрешување, соопштуваат од Влада.