Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, рече дека неговата партија нема да поддржи ратификација на Договорот од Преспа, без оглед како договорот ќе спроведува во земјава.
– Единствениот начин да се гарантира дека овој Договор нема да се ратификува во грчкиот парламент е да се одржат национални избори пред Договорот да дојде на ратификација во грчкиот парламент, за грчкиот народ да одлучи, не само за земјата, туку и за договорот за кој, како што реков, е штетен за националните интереси – рече тој.
Лидерот на грчката опозиција истакна дека сликата за време на подготовката за првото гласање во Собранието во земјава не е слика која, според него, одговара на земја што може да се стреми да стане членка на големото европско семејство.