Мицотакис: За 75 отсто порасна бројот на активни случаи со Ковид-19

by Fokus

Веќе од минатата седмица забележуваме значително зголемување на активните случаи, од 75 отсто. Имаме нешто повеќе од 6.000 активни случаи, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешниот состанок со претставниците на Униите на општини и периферии и додаде дека е прашање на време кога и во Грција ќе почне да преовладува Делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Мутацијата Делта веќе е регистрирана во нашата земја. Прашање на време е, како што проценува европското ЕЦДЦ и овде, како и во многу земји, да биде мутација што ќе преовладува. Веќе поинтензивно ја гледаме, на пример на Крит. Што значи ова? Дека оние кои не се вакцинирани, особено поранливите наши сограѓани се во поголема опасност да се заразат и сериозно да се разболат, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер се осврна и на процесот на вакцинација, рече дека 56 отсто од граѓаните ја примиле првата доза, а речиси 47 проценти се целосно вакцинирани и истакна дека целта е во следните два месеци да се убедат што повеќе граѓани да се вакцинираат, за на почетокот на есента да се стигне до посакувниот имунитет на населнието од 70-75 отсто.

Паралелно, најави дека во текот на летото ќе се организираат мобилни единици кои ќе ги вакцинираат Грците на туристичките места.

Говорејќи за важноста на вакинацијата, Мицотакис истакна дека согласно податоците од изминатите три месеци, 99 отсто од лицата на возраст од 60 до 80 години, кои биле хоспитализирани во тешка состојба на Одделите за интензивна нега или починале од Ковид-19, биле невакцинирани.

Поврзани новости