ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и оваа зло кое што надвиснало над нашата татковина, а кое што го предводи Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз. Но, за тоа ни е потребно обединување. Секогаш во историјата кога ВМРО-ДПМНЕ застанало цврсто во одбрана на државните и националните интереси, потребно било обединување под бајракот на слободата. Така ни е потребно и овој пат, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на собирот во месноста Паленица во населба Драчево.
„Нас што ни е потребно обединување, подавање рака од човек на човек, добронамерник на добронамерник, патриот на патриот, брат на брат, сестра на сестра. Тоа ни е сега неопходно. Само сплотени, заедно, под бајракот на слободата, можеме да си ја браниме татковината. И нема да им успее да не разделат и покрај сите оние кинески ѕидови кои што ги градат помеѓу нас. Ова зло кое што му се случува на Република Македонија има име и презиме. Се вика Зоран Заев. Човек без визија, без политичка култура и човек без платформа. Единствен проект кој што го има е како да ја подвитка кичмата на сопствениот народ и на сопствената татковина. Нема тоа да му го дозволиме“, рече Мицкоски.