Мицкоски: Зошто сега е донесена Уредба за додавање на „Северна“ на банкнотите?

by Fokus

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција посочи дека не разбира зошто сега е донесена Уредба со законска сила на банкнотите да се додава зборот „Северна“.

„Има многу спорни уредби со сила на закон кои се носат во оваа состојба. Една од тие е и оваа. Наместо да се занимаваме со она што е најважно, справување со пандемијата и борбата за животите на нашите граѓани, ние се занимаваме со споредни работи кои никој од нас не ги бара. Дури и да го читаме оној договор кој беше потпишан оваа работа не се бара од нас бидејќи тоа може да се направи во следните пет години откако ќе се отвори 17. поглавје, а тоа е поглавјето за економија и монетарна“, истакна Мицкоски по новинарско прашање.

Поврзани новости