Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето на штипската телевизија ТВ Стар истакна дека градоначалникот на Кавадарци, кој побара негова оставка, е дел од политичката естрада.
-Ние денеска наместо да зборуваме за 870 новозаболени, ние наместо денеска да зборуваме за нови 15 лица кои за жал го загубија животот поради неспособноста на Владата, за катастрофата во економијата, за дебаклот во образованието, за земјоделците кои што се буквално на колена и се плашат како ќе ја помината зимата, ние сега зборуваме за политички естрадни уметници кои во 12 после полноќ пишуваат полноќни статуси – вели Мицкоски.
Воедно, тој порача дека Македонија заслужува без никакви условувања од Европа да започне преговори со ЕУ.
-Ние во 90-тите години бевме оазата на мирот, Владите на ВМРО-ДПМНЕ. Ние во 99-тата година примивме 100 –тици илјади бегалци кога Европа ги затвораше вратите за време на косовската криза. Ние ја контролиравме 2001-та година да не ни излезе од раце. Ние ја смиривме мигрантската криза во Европа. Ние бевме браникот, тука долу недалеку од овде во Гевгелија. Македонија заслужува без никакви условувања од Европа да започне преговори со ЕУ – истакна Мицкоски.