И пратеничката Славјанка Петровска позитивна на ковид

by Фокус
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, која беше дополнителен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, објави дека е позитивна на корона вирусот.

„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесно ранливи“, напиша Петровска на фејсбук.

Поврзани новости