Мицкоски за трагедијата во Кочани: Оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

by irena 15:04
15:04

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со досегашниот тек на случајот со пожарот во Кочани, по пет месеци од трагедијата во која загинаа 62 лица, истакна дека остава на обвинителско-судските органи да ја завршат процедурата.

– Јас се воздржувам да коментирам изминатиов период и ќе ја продолжам таа пракса да не коментирам, оставам обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата. Колку што знам покренатото обвинение е во рамките на оценка од страна на судовите, така што не би сакал дополнително да коментирам – одговори Мицкоски во Кочани.

На 13 јуни Обвинителството поднесе обвинение за пожарот во Кочани. Во него се обвинети 34 лица и три фирми.

Надлежноста ја презема Кривичниот суд откако беше утврдено дека во основниот суд во Кочани нема доволно судии и ресурси за да се води ваков голем процес.

Слични вести