Легендарниот англиски голман Питер Шилтон беше синоним за долговечност во фудбалот речиси половина век. Со 1.390 одиграни официјални натпревари, тој го држеше рекордот со децении.
Сепак, од оваа недела, тој повеќе не е на врвот.
Бразилецот Фабио, 44-годишниот голман на Флуминензе, го запиша својот 1.391 настап на натпреварот против Америка де Кали, што го прави играч со најмногу настапи во историјата.
Фабио го достигна рекордот за време на кариера што трае повеќе од две децении: одигра 976 натпревари за Крузеиро, 235 за Флуминенсе, 150 за Васко де Гама и 30 за Униао Бандеиранте.
Agora é oficial: Fábio é o jogador que mais vezes disputou uma partida de futebol na história! #Fabio1391 pic.twitter.com/Kq7Wp1RWDl
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) August 20, 2025
Флуминенсе ги потврди овие бројки и ги објави како официјални.
Питер Шилтон е запаметен како голманот кој беше на голот на Англија кога Диего Марадона го постигна познатиот гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година против Аргентина.