Мицкоски: За само пет месеци откако бев избран за лидер, направивме народен собир на кој граѓаните му кажаа НЕ на Заев

by fokus 19:59
19:59

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на вестите на телевизија Сител рече дека не е изненаден од коментарите на СДСМ дека тој само ги продолжува политиките на Никола Груевски.

-Единствено мерило за нас како политичари е гласот на народот, на оние десетици илјади граѓани кои од цела Македонија се собраа нешто пред 20 часот пред платото на Владата на Република Македонија и громогласно кажувајќи му го своето мислење на Зоран Заев. Една година откако ВМРО-ДПМНЕ е во опозоција и само пет и пол месеци откако бев избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, направивме народен собир на кој граѓаните му кажаа едно големо НЕ на Зоран Заев за политиките кои ги води не само на домашен туку и на меѓународен план. Мислам дека паметен политичар треба да извлече поука од она што се случуваше во саботата, и врз основа на таа поука да води политики со кои ќе обезбеди подобар живот за граѓаните, рече Мицкоски.

- Advertisements -

Поврзани новости