439
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска појасни дека нема никаков контакт со претседателот на бугарското здружение „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски.
-Не го познавам момчето. Гледам се појавува една слика од манастир, точно знам како е тоа сликано и кога. Станува збор за Бигорскиот манастир, каде што тие беа таму и каде што како групација ми дадоа книга, која што им ја вратив. Не ја примив книгата. Тоа е таа средба со тоа момче. Јас дадов став во четвртокот и го оценив како голема провокација, одговори Мицкоски на новинарско прашање.