1.1K
Еве го бекна, ама не само што бекна туку и потпиша сѐ што му нареди стопанот. Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од Кабинетот на претседателот кој му порача да „бекне“ за нон-пејперот на словенечкиот претседател, Јанез Јанша.
-Претседателе Пендаровски погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење не бекање за националните теми меѓу која и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведовде Македонија во подредена положба заедно со стопанот. ПС: добро е што барем законите за помошта на граѓаните и стопанството ги потпиша, а не само тие од 32 седница!, напиша Мицкоски.