Беќаровски: Денеска дознав дека скафандерот се користи за заразено лице да шета во здрава средина

by fokus 20:50
20:50

Откако денеска во Собранието, пратениците на владејачката коалиција, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ со скафандери дојдоа во Собрание заразени од ковид-19 дојдоа за да обезбедат кворум и да гласаат во Собрание, лекарот Нико Беќаровски на фејсбук напиша дека денеска дознал дека скафандерите може да ги носат заразени лица во здрава средина.

-Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина. Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина. Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица, напиша доктрот на својот профил.#МонтиПајтонСобрание, напиша Беќаровски.

- Advertisements -

Поврзани новости