Мицкоски за инцидентот во Арачиново: Се киднапираат новинари на 5 километри од центарот на Скопје

by fokus 12:14
12:14

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го осуди вчерашниот напад во Арачиново врз новинарската екипа на ТВ 21. Од телевизијата информираа дека новинарите добиле закани да ја избришат анкетата што претходно ја направиле со граѓани од Арачиново.

„Заев се фали дека блескаме, Пендаровски вели дека одиме напред, а на 5 километри од Центарот на Скопје се киднапираат новинари, се вршат закани, уцени, само затоа што сакале да објават репортажа за тоа колку тешко живеат граѓаните на Арачиново, каде градоначалник е токму од партијата СДСМ. Во 21 век на само неколку километри од центарот на главниот град луѓето немаат вода за пиење, канализација и основни услови за живот. Уште пострашно е што критиката за она што луѓето го живеат, не значи решавање на проблемите на граѓаните, туку силеџии кои им се закануваат на новинари, и згазена слобода на говор и слобода на медиуми. Најостро го осудувам ваквиот брутален инцидент и потребна е правда и одговорност. За сето ова нема да чуете во говорите на премиерот или нивниот кандидат за претседател, затоа што тие се заслепени од лажното блескање кое значи само едно, одење големи чекори наназад“, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

- Advertisements -

Според ТВ 21, четири лица ја спречиле екипата на ТВ21, која сакала да ја посети градоначалничката за да добие одговори околу проблемите на граѓаните. Тие преку сила и психичко насилство врз новинарот и снимателот се обиделе да „им наредат и да ги научат“ што смеат, а што не смеат да прават додека се во Арачиново.

Поврзани новости