Чолиќ повторно доаѓа во Скопје: Здравко без виски за 300, со виски за 9.000 денари!

by fokus

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ се подготвува за својот голем концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 15-ти јуни во Националната арена Тоше Проески, со почеток од 21 часот.

Влезниците по цена од 300 денари беа пуштени во продажба уште минатиот месец, а за оние кои сакаат да уживаат во концертот на Чолиќ на висока маса, позната и како конопој, со шише алкохол по избор, во продажба се пуштени и ВИП пакети.

Па така, оние кои ќе се одлучат да го следат настапот на музичарот со шише вино од 700 мл. за истото и за четири влезници ќе треба да одвојат 6.500 денари. Друг пакет кој се нуди на концертот е и тој по цена од 7.500 денари, за четири влезници на висока маса и 700 мл. вотка.

Најскапата ВИП опција е пакетот со шише виски и четири влезници по цена од 9.000 денари. Во зависност од местото на седење, односно од трибината, се продаваат влезници и по цени од 500 до 900 денари. Здравко Чолиќ е редовен гостин во нашата земја и за неговите настапи се бара влезница повеќе.

Лани во ноември одржа два концерти во рок од седум дена во ВИП Арената Борис Трајковски во Скопје. Освен во ВИП Арената, има одржано концерти и на Градски стадион, но и за време на повеќе општински манифестации на плоштади во внатрешноста. Со децении наназад е миленик на женската публика.

Ланските концерти, но и наредниот во јуни се во организација на Прагма Продукција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости