Шешељ ќе го договори верскиот обред за погребот на сопругата на Слободан Милошевиќ

by fokus

Воислав Шешељ потврди дека Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ, ќе биде погребана во дворот во семејната куќа во Пожаревац.

Погребот ќе биде на 20 април во 15 часот, а согласност дале и нејзините деца, Марија и Марко Милошевиќ.

„Марко Милошевиќ ме овласти јас лично да го договорам верскиот обред со свештениците на Српската православна црква. Ова е официјална информација на семејството и се апелира во јавноста да се прекина со шпекулациите за местото и деталите за погребот“, истакна Шешељ.

Поврзани новости