168
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на реновираното одделение на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во врска со случајот за докторот Игор Кузмановски рече:
„Тоа што се случи, се случи. Не треба да се враќаме назад. Инаку кога ќе ја гледате биографијата на професорот и мој колега ќе дојдете до заклучок дека станува збор за импозантна биографија која што многу ретко ја има генерално на Балканот. Тоа што моменти на слабост имал директорот поранешен претпоставувам него ќе го следи во текот на неговиот живот. И тоа е негова приватна работа немам што да кажам. Како влада го направивме тоа што требаше и веднаш реагиравме откако оној нелегален материјал се појави на социјалните медиуми“ – посочи Мицкоски.