Обвинителство нареди обдукција на телото на Панчо

by irena 11:55
11:55

Од Основното јавно обвинителство ја потврдија информацијата за смртта на Владимир Блажев – Панчо, и информираа дека ќе се прави обдукција на неговото тело.

„Информацијата е точна, Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба“ велат од ОЈО.

За него беше покрената постапка од Обвинителството која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеше дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката.

Неофицијалните информации говорат дека последните недели, особено последните денови се борел со тешка бактериска инфекција, која била животозагрижувачка.

Тој беше познат како голем хуманитарец, кој заедно со Андреј низ годините им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош.

Панчо е роден 29 јули 1979 во Скопје. Зад себе ги остави сопругата и двата малолетни синови – Андреја и Марјан.

 

Слични вести