1
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за укинување на членот 78-љ од Законот за култура и на Колективниот договор за вработените во културата во целина.
Одлуката ќе стапи во сила на 1 април 2027 година, дотогаш Министерството за култура, синдикатите и другите социјални партнери треба да подготват нов колективен договор, усогласен со законските прописи.
Синдикатот на културата кој денеска одржа и собир пред Уставниот суд, на социјалните мрежи излезе со „некролог“ по повод одлуката на судот.
„Жална вест. Со длабока тага ги известуваме сите колеги, пријатели и почитувачи, дека на 27.11.2026 на шестгодишна возраст насилно ни беше одземен Колективниот договор за култура“ стои на фотографијата.