Мицкоски: Во Македонија мафијата си има своја држава

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на средби со граѓаните во населените места Слога, Ваташа и Сопот од каде порача дека со оваа власт немало иднина.

-Ја упропастија економијата, правда и правна држава нема, ама има мафија која ги контролира сите пори на општеството, до сите најситни делови од власта. Во Македонија мафијата си има своја држава, а тоа е она што го гуши напредокот. Со оваа власт нема иднина, и колку и пати да се удираат во гради дека сме оделе напред, реалниот живот кажува дека одиме само назад. Единствено каде што одиме напред е во корупцијата и криминалот. Заевизмот не се само гафовите на првиот човек на владата, туку пред се тешкото и мачно време, менталната матрица која како сидро не турка на дното. Време е да се спротивставиме на сето ова, клучот е во народот, во секој еден човек на нашата земја, и кога неправдата станува секојдневие, спротивставувањето е наша обврска. Победата е во секој еден од нас. Време е за промени кои ќе донесат ново време и нов почетокот за Македонија!, порача Мицкоски.

Поврзани новости