Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање да помогне за пожарот во Тетово

by fokus

Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово, напиша на Фејсбук лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по големиот пожар во модуларната болница во Тетово.

-ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата. Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа, напиша Мицкоски.

Поврзани новости