Економското цунами во Република Македонија продолжува, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Ја задолжија Република Македонија а тоа не им го кажуваат на граѓаните, повторно ги излажаа. На веб страницата на Министерството за финансии многу лесно можете да прочитате дека државниот долг е еднаков на 38,7 проценти. Но, вистината е поинаква, бидејќи БДП во 2017 година не порасна, односно остана еднаков на нула, т.ес тој е ист како што беше во 2016 година, тогаш Министерството за финансии треба да го нивелира и податокот за државниот долг кој што сега наместо 38,7 проценти, изнесува 40,7 проценти.За 200 милини евра граѓаните во Република Македонија се посиромашни во 2017 година споредено од тоа што биле во 2016 година, вели Мицкоски.