Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред насобраниот народ на протестот пред Влада рече дека ова се историски мигови за Македонија за кои е потребно сила, договорност, одлучност.
-Ова е времето на третата генерација која учеше од првата и растеше со втората генерација, која стои исправено пред предизивиците. Ајде да покажеме која ни е силата, колку ја сакаме Македонија. Сите заедно да одговориме на предизвиците и да кажеме јасно и гласно дека чашата е прелиена, доста е. Вака не може, вака не смее, рече Мицкоски.
Народот го спореди со пиреј, бидејќи како што вели, се исправал на нозе кога е најтешко и најпотребно. Според Мицкоски, власта се заканувала дека ќе брка од работа, но сепак не успејала да ги премисли луѓето и тие се појавиле на протестот во голем број.