Мицкоски побара техничка влада и парламентарни избори заедно со претседателските

by fokus

Предвремени парламентарни избори мора да има заедно со претседателските побара лидерот на опозицијата, Христијан Мицскоски.

Ајде да избереме претседател на ДИК кој ќе го предложи опозицијата. Ајде да формираме техничка влада 100 дена пред изборите. Исто како што побара Зоран Заев, па да видиме дали народот се согласува со ова што го прават Заев и СДСМ, рече Мицкоски.

Тој рече дека подарена власт немало да трае долго.

Според Мицкоски, власта не покажала никакви резултати, туку имала лажни ветувања и не направила ништо што ветила пред изборите.

На една година од оваа ненародна власт, на една година откако Зоран Заев и неговите роднини ја превземаа како што ја превземаа власта, дојде време да се собереме во вистински час, денеска е тој ден. Помина една година во која ненормалното го прикажуваа како нормално, кога лапсузите и гафовите на Заев станаа вицови и секојдневие. Веројатно за сите нив е исто дали е Словенија или Словачка. И ај ќе си рече човек, Заев е, навикнати сме, но тоа само покажува какви квалитети има овој човек, рече Мицкоски.

За името, лидерот на опозицијата вели дека премиерот си одлучувал во име на граѓаните како да е нешто што го поседува, иако тоа е на сите граѓани.

-Јас сум верник и никогаш нема да ја изгубам надежта затоа што верувам, верувам во совојт народ и земја, верувам дека навистина може подобро од ова што оваа власт го прави. И затоа, ако ме прашате дали ќе победиме, гордо и со исправена глава ви велам да, Македонија ќе победи, рече Мицкоски.

Тој вели, треба да има реформирано СДСМ бидејќи таму имало луѓе кои и мислат добро на Македонија, но претходно морал да се порази Зоран Заев. Според Мицкоски, имало критики и за ВМРО-ДПМНЕ, но сега партијата има ново раководство.

-Ќе го посетиме секој дом, ќе разговараме со луѓето за проблемите кои ве тиштат, но и што треба ние да направиме кога ќе ја формираме новата влада. Ќе бидеме со сите граѓани без разлика на верската, етничката и партиската определба, рече опозицискиот лидер.

ФОТО: Томислав Георгиев

 

Поврзани новости