Орбан: Ние сме на страната на ВМРО, лидерите кои ја сакаат својата земја не колабираат под притисок на надворешните сили

by fokus

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан преку видео обраќање даде поддршка на Христијан Мицкоски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Лидерите на ВМРО имаа храброст, мудрост и сила да ги заштитат Македонците, Унгарците и, со тоа, и Европејците. Никогаш нема да го заборавиме тоа. Ние застануваме на ваша страна и го поддржуваме ВМРО. Лидерите кои ја сакаат својата земја, имаат искуство и не колабираат ни под притисок на надворешните сили. Убеден сум дека Мицкоски ќе ја врати Македонија на патот на развојот, вели Орбан.

Поврзани новости