ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ глуми опозиција

by fokus

СДСМ глуми опозиција, а нивната скапа претстава ја плаќаат граѓаните, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дури и во потешки години и при подлабоки политички кризи ВМРО-ДПМНЕ успеваше да обезбеди економски раст. Катастрофалните политики на СДСМ на економски план ја бетонираа Република Македонија на европското дно. Во услови кога цела Европа бележи раст на економијата, македонската стагнира и се бетонира на нула. Ефектот од 9 месеци владеење на СДСМ е едно големо ништо. Државата во 2017 година под водство на СДСМ има трет најлош резултат во Европа, а убедливо најмал во регионот. СДСМ ја урниса македонската економија. Граѓаните веќе тоа го чувствуваат. Економијата под водство на СДСМ ќе продолжи да тоне. Пад од 1% бележат и бруто инвестициите, што е показател за идните движења во економијата. Падот на инвестициите покажува деека македонската економија и во идниот период ќе бележи ниски стапки на раст, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека СДСМ ветувала живот, а донела само беда.

Поврзани новости