Мицкоски: Само го предупредив Рашковски дека не треба да се профитира на грбот на граѓаните

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека пораките кои му ги испраќал на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски не биле недолични.

-Врз основа на информациите кои во тој момент дојдоа до мене како докази, само го предупредив дека во ова време на грбот на граѓаните не треба да се профитира. Веднаш кога би дошла таа кривична пријава во трас трас судството, веднаш ќе биде отфрлена. Ви гарантирам дека веднаш уште истиот ден ќе ја отфрлат.
Кога ќе дојде денот, на ослободеното обвинителство ќе му ги доставиме доказите и верувајте, многу луѓе ќе се срамат, рече Мицкоски.

Поврзани новости