530
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, уште еднаш порача да не се прифаќа како што го нарекува капитулантскиот Договор со Грција, затоа што според него, тој е против интересите на државата.
Мицкоски на својот Твитер налог порача дека на иднината сака да ја остави Македонија подобра, исправена и горда.
„Јас ја сакам Македонија онаква каква што ја наследивме од нашите предци и сакам да ја оставиме на нашите деца онаква каква што ја заслужуваат, подобра, исправена и горда!, напиша Мицкоски.