Затворениците во Тексас за малку ќе добиеле банани со кокаин

by fokus

Управата на затворите во американската сојузна држава Тексас со задоволство примила донација од два големи пакети банани од пристаништето Фрипорт, каде здравствената управа утврдила дека бананите се презреани и не се за продажба.

Но, кога офицери од Управата пристигнале да го преземат овошјето, набргу откриле дека под бананите се кријат 540 пакетчиња кокаин. Вредноста на дрогата, кога би била пуштена во улична продажба, се проценува на безмалку 18 милиони долари.

– Некогаш животот ти дава лимони. А некогаш ти дава банани, прокоментираа од Управата на нивниот Фејсбук профил.

Поврзани новости