Загина охриѓанец на мотоцикл откако прво прегазил пешак, а потоа удрил во „фолксваген“

by fokus

36-годишниот С.И. од Охрид загина вчера на охридските улици во сообраќајка несреќа управувајќи мотоцикл. Според билтенот на полицијата С.И. прво прегазил пешак, а потоа удрил во „фолксваген пасат“.

Сообраќајката се случила вчера во 18,30 часот на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“.

„Моторцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, а потоа и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од Ф.Б. (58) од Охрид. Во незгодата на самото место починал С.И.,  а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С. кој бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости