Мицкоски: Рашковски со рацете во џеб, наместо со лисици, беше однесен во суд

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на својот Фејсбук профил, реагираше за начинот на кој Драги Рашковски денеска бил спроведен во судот, односно како што вели со рацете во џеб, без лисици на рацете.

-Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб. Во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете!, напиша Мицкоски.

Денеска Драги Рашковски, како осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци беше спроведени во Основниот кривичен Суд – Скопје пред судија на претходна постапка, каде треба да се одлучува по предлогот на ОЈО за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци.

На распит е и Даниел Станчески од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од кое Генералниот секретаријат на Владата купил софтвер за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни. И за него обвинителството побара мерка притвор.

Поврзани новости