Досега вакцинирани околу 35 илјади граѓани, в понеделник стигнуваат вакцините на „Фајзер“

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче потенцира дека заклучно со вчерашниот ден вкупно се вакцинирани околу 35 000 граѓани.

– Во понеделник ги очекуваме да стигнат вакцините на „Фајзер“, што беше потврдено во текот на вчерашниот ден и утрово. Тие ќе стигнат со авионски превоз до Софија и со специјален транспорт ладен ланец во попладневните часови во понеделник ќе стигнат во Скопје. Ние сме подготвени да ги преземеме во делот на административните постапки, се што треба за давање на дозволите и вообичаениот начин, така како што беа сместени првите количини од вакцините на „Фајзер“, додаде Филипче

Поврзани новости