Убиство на млада новинарка и многу мистерии – нова книга на велешанецот Анде Јанков

by Fokus 13:11
13:11

Велешкиот писател Анде Јанков пред извесен период се пофали со својата нова книга „Сигурен ризик“, која всушност е продолжение на неговиот роман „Виенски гамбит“ кој првпат беше промовиран на јавноста минатото лето.

Во оваа книга продолжуваат акциите на полицискиот инспектор Виктор Николов. Од Виена тој се враќа во Скопје и живее навидум мирен живот. Но мирниот живот е нарушен едно септемвриско утро кога е пронајдено телото на млада новинарка.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Првиот дел на овој серијал „Виенски гамбит“ доби и свое второ издание, што предизвика задоволство кај самиот автор.

„Бев неочекувано но пријатно изненаден што „Виенски гамбит“ беше толку добро прифатен од страна на домашната читателска публика, па за бргу време истиот си доби и второ издание. „Сигурен ризик“ е само втор дел од засега планирана трилогија“, ни изјави Јанков.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости