Мицкоски: Работникот во Македонија е потиштен

by fokus

Без работникот нема економија. Затоа работникот треба да биде почитуван, вреднуван. Но тоа сега не е така. Работникот во Македонија е потиштен, тој трпи неправди, притисоци, закани. Неговиот труд најчесто не е платен, а маката и неправдите стануваат се поголеми, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговата честитка за 1 Мај.

– Ги нема ниту 500-те евра плата кои Власта ги ветуваше, ниту 100.000 денари плата за лекарите, ниту повратот на ДДВ кој требаше да оствари заштеда за 13-та плата. Нема ништо од тоа што ветуваа, а ветуваа многу. Оваа состојба мора да се смени. Мора да се избориме за подобри услови за работниците, за поголеми плати, за враќање на почитта за работникот во општеството. За вистинска пазарна економија која ќе креира повисоки плати, работа за невработените. Промените почнуваат од нас самите. Да бидеме промената која што сакаме да ја видиме во земјата. Да се спротивставиме на сите лоши политики и да се избориме за подобро – вели Мицкоски.

Поврзани новости