Кога Заев стана премиер билетот за Богданци од 580 поскапе на 720 денари, алармира Ѓорчев

by fokus

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски во првите 100 дена ќе ја укине дополнителната акциза на горивата воведена од владата на Заев и Тевдовски. Јасно е дека цените на горивата отидоа горе и тоа како ги засега граѓаните, стопанството, транспортните претпријатија. Од тие причини треба да се намали цената на горивата, треба да се анулира зголемувањето на акцизата од 3 ипол денари по литар воведено од Заев и Тевдовски и на тој начин да имаме намалување на цената на горивата и скратување на трошоците за  семејствата и компаниите, порача Ѓорчев на прес-конференција денеска.

Тој даваше и примери посочувајќи дека едно семејство за да наполни два пати месечно резервоар со гориво требало да потроши 4.500 денари, а сега 6.500 денари.

– Втор пример, ако порано еден трактор за да го наполни резервоарот требало да потроши 3.000 денари денес истиот земјоделец за да го наполни истиот трактор треба да потроши 5.000 денари. Ако видиме дека секој земјоделец треба да го изора својот имот и своите ниви, најмалку три пати годишно доаѓаме до тоа дека секој земјоделец зависно од  површините кои што  ги одработува  треба да плати 6.000 до 10.000 денари повеќе за гориво. Трет пример, ако ги погледнеме повратните билети низ Македонија гледаме дека тие одат нагоре. Неколку примери, во времето кога Заев стана премиер повратен билет на релација Скопје – Богданци беше 580 денари, сега истиот билет е 720 денари – рече Ѓорчев.

Поврзани новости