Мицкоски: Потребно е да изнајдеме консензус и да го решиме спорот со Грција

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан му се пожали, според него, лошите политики што ги води владата, лошите економски потези, лошите реформи во економијата, уназадувањето на економијата.

– Со еврокомесарот Хан говоревме за реформите и реформските процеси кои што би требале да се случат во Република Македонија но за жал нивното случување заостанува. Сето тоа некако претставува една добро слово на хартија на имплементацијата. Не можеме да ја почуствуваме и не се случува. Злоупотребата на моќта од страна на Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз.Со еден збор кажано асолутно го понудивме сиот наш човечки и административен потенцијал како ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да допринесеме и да дадеме вредност на она што се вели што е можна побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската Унија – истакна Мицкоски.

Тој кажа дека со Хан разговарале и за информативната средба во врска со преговорите за името.

– На самиот состанок како што рековме, за нас беше од информативен карактер, конечно дознавме за што станува збор. Го видовме предлогот кој што господинот Нимиц го има доставено до преговарачите, кој што повеќе или помалку и е познат на јавноста. Но исто така потенциравме дека остануваме на патеката за што е можно побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.
Истовремено потенциравме дека ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на државните и национални интереси – додава Мицкоски.

Поврзани новости