Димовски тврди дека Џафери поставува потпретседатели за преку маратонски седници да ја одблокира расправата по амандманите

by fokus

На нашите мејлови и телефони добивме порака според која парламентарното мнозинство има намера да стави точка на дневен ред избор на потпретседатели. Целта е да има кој во доцните часови да го заменува претседателот Талат Џафери, во водење на седниците, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, барајќи процедуралната забелешка на пленарната седница на која како прва точка требаше да се разгледува Законот за употреба на јазиците.

-Почнуваме седница која е од огромно значење. Со досегашните постапки СДСМ и ДУИ покажаа огромна неодговорност од аспект „сега е момент се да се земе без да се има одговорност“. Она што мнозинството сака да го направи денеска е класично силување на демократијата. Покрај сите прекршувања на деловникот, ставање на европско знаменце на законот, негово разгледување на Законот пред Комисијата за европски прашања која не е матична комисија, одбивање јавна расправа, отфрлање на сите 84 амандмани и одбивање да се расправа за нив, значи Собранието воопшто не се преоизнесе за претходните амандмани. Покрај се владејачкото мнозинство има намера да направи друг чекор за да го протурка законот – рече Димовски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пак одговори дека законот воопшто не треба да се доведува во корелација со изборот на потпретседатели, точка која денеска се најде на седницата. Тој го негираше тврдењето на Димовски дека тоа е начин за да се одблокира работата на Собранието, откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани.

Поврзани новости