Мицкоски: Пописот ќе го спроведуваат партиски војници

by Фокус

Откако општински организации на СДСМ на фејсбук објавија државни огласи за ангажирање на лица за пописот, опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, обвини дека пописот ќе го прават партиски војници.

„Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис? Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка операција пописот. Партиски оглас за државни попишувачи. Срам и беда. Од месечината се гледа дека овој попис на власта е фалсификат. Затоа, стоп за овој фалсификат попис“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Владејачката СДСМ одговори дека од партиски профили се објавувале повици за попишувачи, но, како што истакнаа, огласот е државен.

Поврзани новости