Села: Некој посилен од Заев нареди да се врати Мијалков

by Фокус

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,, на ТВ 21  рече дека некој посилен од Зоран Заев и Сашо Мијалков наредил Мијалков сам да се пријави во Обвинителството. Според него, повеќе од очигледно е дека Мијалков се вратил согласно некаков договор.

-Сашо Мијалков го следат многу скандали и тој се уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27-ми април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? За човек кој очигледно е дека избега и после веројатно согласно некаков договор да се врати  -рече Села.

Поврзани новости