Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција рече дека тој и подава рака на Владата за заедно да се надмине оваа криза. Вели дека е подготвен да отиде во Владата и да ги презентира предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ ми е јасно дека на Владата и треба помош, исто како на државата. Затоа јас подавам рака. Подготвен сум ако треба да дојдам во Влада да ги презенирам решенијата и на крај да ги спроведеме најдобрите мерки за граѓаните. Имаме план како државата да стигне до милијарда и 200 милиони евра. Сведоци сме се што во минатото јас и ВМРО-ДПМНЕ предложивме, прво беше одбиено, а потоа беше спроведено. Затоа, спроведете го ова за веднаш да излземе од економската порака. Ви ја подавам оваа рака за да седнеме и да разговараме, рече Мицкоски.