Досега во Кочани направени 15 тестови за корона вирус, сите се негативни

by fokus

Во пунктот за скрининг тестови во Центарот за јавно здравје во Кочани вкупно 15 граѓани направиле контрола за присуство на КОВИД-19 и сите покажале негативни резултати.

Лицата се тестирани поради сомнителни здравствени симптоми, а по претходен упат од матичен лекар. Инаку, во пунктот се контролираат граѓаните од општините од источниот регион за кои е надлежен кочанскиот Центар за јавно здравје.

Од општинските кризни штабови во Кочани и Виница информираа дека е преполовен бројот на граѓаните во домашна изолација и во моментот оваа мерка се спроведува за 60 лица во Кочани и за 67 лице во Виница. Според информациите од службите кои контактираат со нив, засега ниеден не покажува симптоми на КОВИД-19.

-Во Здравствениот дом во Виница на располагање се девет лекари во Итната медицинска помош кои ротираат во смени и за кои се набавува соодветна заштитна опрема. Исто така, адаптирано е едно возило, како и просторија за прием на лица со КОВИД-19, доколку има потреба. Во болницата сите термини за прегледи се откажани, а матичните лекари можат да се контактираат исклучиво телефонски, информираа од општинскиот Кризен штаб во Виница.

Мобилните тимови на општинските организации на Црвен крст од Кочани и Виница располагање имаат дваесетина волонтери кои им помагаат на 40 семејства од социјално ранливите категории, а организираа и акции за крводарување при што собрани се 50 крвни единици.

Од Кризниот штаб на Кочани информираа дека е голем интересот за дезинфекција во производните хали на претпријатијата, така што екипите од Територијалната противпожарна единица кои го вршат прскањето во деновите од викендот ќе работат во две смени.

Поврзани новости