736
Хотелот “Молика” во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица кои ќе се вратат назад во земјава од други земји.
Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот.
„Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација“ – велат од АД ЕСМ.