987
Мицкоски побрзо да закрепне и да дојде на вонредниот конгрес за да даде отчет, порачува поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски кој е дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
-Вонредниот конгрес ќе биде за Мицкоски да даде отчет пред луѓето кои го донесоа на чело на ВМРО-ДПМНЕ и му ја дадоа довербата во Валандово… Во моментов му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите за тоа што го сработил последните четири години, напиша Коневски на Фејсбук.
Конгресот на Иницијативниот одбор е закажан за на 28 март, а ВМРО-ДПМНЕ закажа редовен конгрес во ноември.