Мицкоски: Пендаровски има образ ѓон

by Fokus

„Се прават како да се нови во политиката како да не се истите што се седнати во скутот на ДУИ, како Стево да не е истиот на кого Артан му претеше, и слоганот им е таков нема откажување од фотелјите и од тендерите. Затоа и прибегнуваат со местенки и теми кои не враќаат назад и кои сакаат да направат да заборавиме дека 6 и пол години се на власт и дека ја киднапираат државата со нивните другарчиња од ДУИ, Артан и компанија“ вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров.

Тој посочи дека до сега Пендаровски не кажал ниту еден лош збор, ниту пак презел нешто против Груби и ДУИ бидејќи, како што рече, тој калкулираше и коленичеше за гласови од ДУИ.

„Кога сте слушнале Стево да каже лош збор за ДУИ? За Артан Груби? Одговорот е јасен. Никогаш. И не треба само да каже, не е тој коментатор туку треба да преземе нешто. А ништо не преземаше зашто калкулираше и коленичеше за гласови од ДУИ“ рече Мицкоски и додаде дека „Пендаровски е човек со образ ѓон“.

„Стево е повеќе од 23 години во високата политика и која одлука или збор ќе го паметите? По она мизерно додворување до Борисов кога му рече љубави имаш поздрав од премиерот. Тоа е Стево. Ништо повеќе ништо помалце. Еден човек со образ ѓон несвесен дека претставува држава и народ“ истакна Мицкоски и додаде:

„А колку другите надвор го ценат видовме по реакцијата на Борисов кога му сврте грб веднаш откако овој му рече имаш поздрав од премиерот. Срамно е да се гледа. Нема веќе понижувања. Нема веќе недостоинствени одлуки и изјави. Имаме сила, Македонија има сила, и ќе докажеме дека можеме подобро. Мораме подобро. Зашто нема време за губење“.

Поврзани новости