Ракометарите на Вардар го добија дербито против Еурофарм Пелистер

by Fokus

Ракометарите на Вардар 1961 го победија тимот на битолски Еурофарм Пелистер со 24:20 (12:11), во осмото коло, во машката Супер лига.

Со овој триумф „црвено-црните“ останаа во шампионската трка, па сега на табелата имаат два бода помалку од ривалот.

Дербито во СЦ „Јане Сандански“ иако донесе голема борба, имаше малку квалитетна игра.

Голманот на вардарци, Мартин Томовски со 12 одбрани (три седмерци) беше најдобар кај домаќините. Стрелците ги предводеше Јапонецот Јасукира со шест гола од кои пет беа од седум метри), додека Георгиевски, Родригез и Петриќ постигнаа по четири гола.

Кај гостите од Битола најефикасен беше Тајник со шест гола, а голманот Лесјак забележа 8 интервенции.

Поврзани новости